Црвена Звезда ќе поднесе жалба до УЕФА против Пафос: Двајца фудбалери се претепани

Црвена Звезда со неславен крај ги заврши настапите во Лигата на шампионите, откако беше елинирана од Пафос во плеј-офот на најелитното европско натпреварување. „Црно-белите“ имаа предност до 90. минута кога кипарскиот тим израмни, и така се пласираше во групите во ЛШ.

После мечот тренерот на српскиот шампион, Владан Милојевиќ изјави дека атмосферата на трибините не била најдобра, и дека во миговите кога настанала тепачка во финишот, двајца играчи биле со повреди.

„Разочаран сум од тоа што се случи. Не го очекував ова. Цел меч некоја наелектризирана атмосфера како да е селска лига. Имаме две деца кои се претепани.“, рече Милојевиќ.

Според снимките, лице од обезбедувањето на кипарскиот тим удрил еден од играчите на српската екипа. Црвена Звезда ќе испрати жалба до УЕФА за лошата организација на Пафос.

Се вчитува...