Премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ на вонредна конференција најави дека фудбалските натпревари се затвораат за публиката. Тоа значи дека Црвена Звезда на мечот против Напредак на кој поранешниот европски шампион ќе прослави 75 години ќе игра без навивачи.
„Пред се фудбалските натпревари и публиката на натпреварите е важна кај нас. Од земја до земја одлуката е различна, негде е дозволена публика, но во тие земји постојат други одредени мерки. Во консултација со надлежните, моравме да донесеме одлука за забрани на навивачи на стадионите ширум Србија“, изјави Брнабиќ.
Тоа значи дека сите мечеви од 26. коло ќе бидат одиграни без навивачи, најверојатно тој тренд ќе продолжи и во иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА