Црвена Звезда ќе заработи милиони од преминот на Топиќ во НБА

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда ќе заработи два милиони евра од заминувањето на талентираниот бек Никола Топиќ во НБА лигата доколку неговиот договор биде гарантиран, што и се очекува.

Во ноќта помеѓу среда и четврток еден од најталентираните кошаркари на генерацијата 2005 од овие простори беше одбран како 12. пик од страна на Оклахома Сити Тандер. И покрај тоа што се очекува тој да не премине веднаш во НБА лигата туку да остане во Европа, согласно со тоа што е одбран во првата рунда му следува четиригодишен договор (2+1+1) од кој може да се откаже само кошаркарот.

Топиќ изминатата сезона ја започна во редовите на Мега како позајмен играч од Црвена Звезда, а за вториот дел од сезоната се врати во редовите на „црвено-белите“. Сепак не успеа да го покаже целиот потенцијал поради повеќе повреди кои го спречија и да ја заврши сезоната.

Се вчитува...