Фудбалскиот клуб Црвена Звезда денеска прославува 80 години од своето постоење, а српскиот гигант се реши за убав гест – доделувајќи му награда за животно дело на поранешниот македонски селектор и репрезентативец Бошко Ѓуровски.
Ѓуровски уште на 14-годишна возраст пристигна на „Маракана“, а за првиот тим на „црвено-белите“ одигра над 500 натпревари и постигна над 100 погодоци, одбележувајќи една ера во постоењето на српскиот фудбалски гигант. Потоа, тој се врати во Црвена Звезда и како тренер, освојувајќи ја двојната круна во 2007 година.
„Најпрвин би сакал да и посакам среќен 80. роденден на нашата Црвена Звезда. Огромна чест ми е, бескрајно сум горд што денеска сум овде пред вас со наградата за животно дело. Јас сум среќен, горд човек бидејќи сум дел од ова наше семејство, или како што знам да кажам – мојот живот е моето семејство, а Црвена Звезда е мојата судбдина. Нека живее Звезда и ние сите со неа“, изјави Ѓуровски при приемот на големото признание.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА