Црвена Звезда поведе со 1-0 во полуфиналната серија во АБА лигата против Будуќност откако славеше на домашен терен со убедливи 93-55. Победата белградскиот тим ја најави уште од самиот старт кога поведе со 30-16, а и покрај тоа што опадна темпото до крајот на средбата, одбраната на актуелниот шампион беше на врвно ниво во текот на сите 40. минути.
Со 17 поени Петрушев беше прво име кај Црвена Звезда додека Грин со 13 поени го предводеше Будуќност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА