Црвена Звезда „на екс“ ја испи Цедевита, Антиќ со само едно поенче

Кошаркарите на Црвена Звезда убедливо го добија дербито против Цедевита во АБА-лигата, совладувајќи го хрватскиот тим на домашен терен со 82-66. „Црвено-белите“ уште на стартот најавија дека се расположени и посакуваат победа, ја добија првата четвртина со 26-13 и воспоставија контрола на мечот. На полувремето веќе имаа предност од 25 поени (54-29) и беше јасно кој ќе слави.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ на овој меч постигна само еден поен за 18 минути на паркетот, а не му одеше шутот за три поени. Сепак, даде полн придонес во одбраната на својот тим.

Најефикасен кај Црвена Звезда беше Џејмс Фелдин со 27 поени, а Тејлор Рочести уфрли 15. Кај Цедевита, Деметрис Николс беше стрелец на 13 поени.

 

Се вчитува...