Црвена Звезда на готовс: Пропадна трансферот на Тадиќ во Шпанија

Душан Тадиќ се уште е слободен играч откако српскиот напаѓач не доби продолжување на договорот со Фенербахче, а во меѓувреме има проблеми да најде нов клупски ангажман каков што верува дека заслужува.

Атлетико Мадрид покажа сериозен интерес за Србинот, се влезе во завршна фаза на преговори, но се падна во вода откако мадридскиот клуб во „пет до дванаесет“ целосно ги променил условите од понудата до Србинот. Имено, платата што му била ветена била поврзана со бројни клаузули со број на натпревари и постигнати голови, нешто што било неприфатливо за Тадиќ кој е свесен за огромната конкуренција во мадридскиот клуб.

Поради ова, преговорите се прекинати, а Тадиќ веќе ги насочил погледите кон останатите тимови што покажуваа интерес за негов ангажман летово. Српскиот првак Црвена Звезда не ја крие желбата да го потпише поранешниот капитен на Ајакс, но приоритет на Тадиќ останува трансфер во странство. Сепак, доколку не добие понуда каква што посакува, лесно може да се случи тој на крајот од овој преоден рок сепак да заврши меѓу белградските „црвено-бели“.

Се вчитува...