Црвена Звезда на пат за Германија, Теодосиќ остана дома

Црвена Звезда ќе биде ослабена за утрешното гостување против Алба во Берлин откако на листата на патници за Германија не се појави името на Милош Теодосиќ.

Одличниот плејмејкер се опоравува од повредата на мускулот заработена минатата седмица, поради тоа тој не настапи ниту против Басконија ниту против ФМП, а лекарскиот тим процени дека ризикот од нова повреда е преголем, препорачувајќи дополнителна пауза за ветеранот.

Поради тоа, Теодосиќ од дома ќе го проследи утрешниот меч во Берлин, а добра вест за „црвено-белите“ е што барем Немања Недовиќ доби зелено светло да патува со тимот. Тој тренираше во последните два дена со остатокот од екипата, се уште не е стопроцентно подготвен, па се очекува тренерот Сферопулос да му додели лимитирана минутажа против Алба.

Црвена Звезда моментно се наоѓа на 12. место на евролигашката табела со скор 9-13, додека Алба е „фенерџија“ со само четири победи и дури 18 порази во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...