Црвена Звезда немаше никакви шанси со Монако, Ефес подобар од Баерн

Кошаркарите на Црвена Звезда убедливо загубија со 98-80 на гостувањето против Монако во 28. коло од Евролигата.

Белграѓани немаа шанса против големиот фаворит кој уште во првата четвртина, со предност од 25-17, јасно најави дека нема да дозволи никакво изненадување.

Во продолжението без никакви проблеми Французите ја одржуваа предноста, во вториот дел значително и зголемувајќи ја за конечна победа од 98-80.

Џејмс со 20 поени беше најефикасниот кај Монако, а Митровиќ со 18 поени и 10 скока беше најдобриот поединец кај Црвена Звезда.

Претходно, Анадолу Ефес убедливо со 109-86 триумфираше против Баерн Минхен.

Се вчитува...