По четири едноподруго победи, против Фенербахче, Басконија, Реал Мадрид и Макаби, Црвена звезда немаше сила вечерва да дојде до големо изненадување и против Барселона.
Во 30. коло од Евролигата, Црвена Звезда загуби со 82-70 од водечката Барса. Клучна за победата на домашните беше предноста која ја направија по почетните 15-15 со серија од 20-2. Тие 35-17 потоа беа недостижни за гостите.
Единствено во последната четвртина белграѓани успеаја да дојдат до минус осум (67-59), но немаа сили и за целосен пресврт.
Миротиќ беше најефикасен со 19 поени и четири скока во победничкиот тим, а кај Црвена Звезда се издвоија Добриќ со 17 поени и Ивановиќ со 13 поени.
Басконија ја совлада АЛБА со 85-68. Во победничкиот тим најефикасен беше Рокас Гиедраитис со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА