И вториот финалист во АБА лигата ќе биде познат по мајсторката, откако вечерва Црвена звезда на домашен терен славеше над Будуќност со 100-81 и со тоа израмни на 1-1.
Откако доживеа епски дебакл во првиот натпревар тимот од Белград вечерва на домашен терен одигра многу подобро и на крајот стигна до лесен триумф од 100-81.
Филип Петрушев со 20 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Џувон Морган постигна 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

