Кошаркарите на Панатиниакос ја добија Црвена Звезда на свој терен во Атина, благодарение на пресвртот во последната четвртина. На крајот тимот на Ергин Атаман славеше со 82-74, и покрај тоа што Звезда имаше предност од седум поени разлика пред решавачкиот период.
Српскиот тим имаше контрола врз натпреварот 30 минути, но во последните десет минути, Кендрик Нан покажа зошто е МВП, а Панатинаикос победник на Евролигата од пред две сезони.
Со оваа победа грчкиот тим се изедначи на табелата со црвено-белите. Двата тима сега имаат резултат од 18-14.
Кај Црвена Звезда, Џаред Батлер беше најефикасен со 15 поени. Најџел Хејс-Дејвис постигна 20, а Кендрик Нан имаше 19 за ПАО.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

