Црвена звезда имаше фантастично лето и резултатски и финансиски. Шампионот на Србија повторно се пласираше во Лигата на шампионите откако во плеј-офот го елиминира норвешкиот тим Бодо Глимт и со самиот пласман во елитата заработи повеќе од 18.000.000 евра од УЕФА, а приходите ќе бидат многу поголеми по одиграните натпревари кои ги очекуваат црвено-бело и продажни ТВ права.
Воедно, раководството на шампионите на Србија водеше бурен преоден рок, чија кулминација се очекува вечерва, кога треба да се официјализираат доаѓањата на Немања Радоњиќ, Раде Круниќ и Силас.
Кога ќе се повлече линијата, барем кога се во прашање излезните трансфери, Звезда од продажбата на играчи заработила околу 26.000.000 евра.
Најмногу во касата на Звезда донесе корејецот Ин Беом Хванг, кој беше продаден на холандски Феенорд за 8.000.000 евра. Српскиот шампион заработи еден милион евра помалку од Усман Букари, кој го купи Американецот Остин. Црвено-белите добро се снајдоа и кога е Марко Стамениќ во прашање, играчот за врска од Нов Зеланд беше продаден на англискиот клуб Нотингем Форест за 5.500.000 евра.
Од трансферот на Кингс Кангва и малку познатиот Фавор Ињеке Огбу во Ал Вахда се заработени по 800.000 евра. Можно е ова да не биде се кога се во прашање излезните трансфери, бидејќи голема е веројатноста Пума Родригез да биде продаден за околу 2.500.000 евра, а не е исклучено и заминувањето на Шериф Ендиаје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА