Од 12 до 16 јуни на стадионот „Борис Трајковски“, српскиот клуб Црвена Звезда организира камп за млади таленти во Скопје. Како што соопштуваат од Црвена Звезда, во Скопје ќе биде организиран само еден од камповите, кои се планира да се одржат ширум регионот.
„Црвена Звезда вложува големи ресурси во развој на млади таленти во нашата младинска школа, а познато е дека нашиот клуб соработува со голем број фудбалски школи. Од година во година црвено-белите организираат кампови во регионот, и во светот, а така ќе биде и оваа година. Во текот на летниот период е предвидено камп на Зведа да се одржи на осум локации, а една од нив е Македонија, односно Скопје“, стои во соопштението на Црвена Звезда.
Ова е можност за младите таленти да се докажат пред скаутите на белградските „црвено-бели“ и да останат забележани во нивните бележници за во иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА