Белградска Црвена Звезда остана без директен пласман во Лигата на шампиони за сезоната 2025/26, само поради норвешки Бодо Глимт кого го елиминираше низ овосезонските квалификаци за ЛШ.
По победата на Бодо Глимт против Олимпијакос, Норвежаните и дефинитивно се со подобар коефициент пред Црвена звезда па ќе одат директно во елитното европско натпреварување.
Токму поради тоа „црвено-белите“ од Белград ќе мора да играат квалификации за Лигата на шампиони почнувајќи од вториот круг на 22 јули оваа година.
Како што е познато, низ актуелнава европска сезона Црвена Звезда стартуваше од плеј-оф фазата на квалификациите и со елиминацијата на Бодо Глимт обезбеди осум натпревари во новиот формат на елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

