Црвена Звезда отстрани фудбалер пред меч во ЛШ поради непрофесионализам

Фудбалерите на Црвена звезда во среда од 21 часот гостуваат во Берн каде ќе играат против екипата на Јанг Бојс во натпреварот од последното осмо коло во Лигата на шампионите.

Шефот на стручниот штаб на Црвена звезда Владан Милојевиќ пред натпреварот против Јанг Бојс потврди дека по негова одлука отсуствувал Немања Радоњиќ.

„Не е повреда. Моја е одлуката за Радоњиќ. Поради неговиот непрофесионален однос кон тренинзите, тој нема да игра утре“,  изјави тренерот на Црвена звезда на прес-конференцијата во Берн.

Милојевиќ беше прашан што направил Радоњиќ, но тој не сакаше да зборува за тоа.

„Не би зборувал повеќе за тоа. И нема потреба од објаснување…“, рече тренерот на белграѓани. 

Што и да се случи, Црвена Звезда е веќе елиминирана од натпреварувањето, односно немаат шанси за пласман во следната фаза.

Се вчитува...