Црвена звезда „падна“ и во Болоња, Барселона го демолираше Баерн Минхен

Црвена Звезда во четвртиот меч го претрпе и третиот пораз во Евролигата, губејќи на гостувањето против Виртус Болоња со резултат 85-79. Поразот е апсолутно заслужен ако се знае дека италијанскиот состав имаше контрола над резултатот во текот на целиот меч. Болоња имаше „плус 15“ во третиот период, Црвена Звезда успеа да намали со двете тројки на Гидраитис, а потоа во последната четвртина дојде на „минус четири“ и напад“ на помалку од минута до крајот. Сепак, Нејпир кога беше најважно му ја подари топката на Добриќ по што домаќините реализираа од линијата за слободни фрлања и успеаја да го решат прашањето на победникот.

Најнеизвено беше во Атина, каде Панатинаикос по голема борба загуби по продолжение од Макаби со 81-86. Макаби имаше двоцифрена предност и делуваше сигурно на патот до победата, но по исклучувањето на тренерот Атаман (поради две технички грешки) ПАО воскресна и предводен од Вилдоза и од Митоглу беше на чекор до победата. Сепак, грчкиот тим дозволи офанзивен скок при „плус два“ по промашеното слободно фрлање на Соркин, по што Небо реализираше крај Хуанчо Хернангомез и го одведе мечот во продолжение (72-72). Во дополнителните пет минути на триумф се радуваа гостите од Израел, а трагичар на Панатинаикос беше Слукас, кој при 79-82 на шест секунди до крајот доби три слободни фрлања, но реализираше само две, по што Макаби го доби овој натпревар.

Колсон со 21 поен беше најдобар стрелец на победничкиот тим, додека Лоренцо Браун забележа дабл-дабл од 12 поени и 12 асистенции.

Барселона продолжи со импресивниот старт на евролигашката сезона, стигнувајќи до четвртиот триумф во серија откако каталонскиот гигант го демолираше Баерн Минхен со 98-59. Пабло Ласо немаше одговор за извонредниот напад на каталонците, откако Барса фуриозно ја доби првата четвртина со 17-11, потоа продолжувајќи да ја зголемува предноста до самиот крај. Сите кошаркари на Барселона се запишаа меѓу стрелците, а најефикасни беа Паркер со 15, Весели со 14 и Хернангомез со 11 постигнати поени.

Се вчитува...