Црвена Звезда и Будуќност во последните години развија огромно ривалство низ настапите во АБА-лигата, па не беше никакво изненадување што „црвено-белите“ го почнаа летниот трансфер-период ангажирајќи две засилувања од директниот противник за највисок пласман, потпишувајќи договори со Никола Ивановиќ и со Лука Митровиќ.
Црногорскиот првак се реши на сличен чекор, откако денеска и официјално го комплетираше трансферот на Марко Јагодиќ Куриџа, кој во последните 18 месеци го носеше дресот на Црвена Звезда.
„Можеме да потврдиме дека Марко Јагодиќ Куриџа, искусниот крилен центар е нов кошаркар на Будуќност. Тој беше многу важен играч во ротацијата на Црвена Звезда, од каде доаѓа во нашиот клуб. Јагодиќ Куриџа е магнет за освојување на трофеи, а во кариерата има две титули во АБА, како и шампионски пехари од првенствата на Хрватска, рбија, Словенија, но и на Белгија и Чешка, каде о голем успех ги бранеше боите на Остенде и на Нимбурк“, се вели во соопштението на Будуќност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА