Кошаркарите на Црвена звезда стигнаа до голема победа во борбата за плеј-оф во Евролигата откако вечерва славеа на гостувањето кај Басконија со 100-108 во последниот натпревар од 33. коло во елитното натпреварување.
Натпреварот почна ефикасно од двете страни. Двете екипи погодуваа од секоја позиција, а по десет минути игра гостите имаа минимална предност од 27-28. Во вториот период следеше голем пад на белграѓани, па домаќините тоа го искористија за да стигнат до позитива на полувреме од 52-42.
Црвена звезда на сличен начин возврати во третиот период, па пред последните десет минути се влезе со резултат 67-66 за домаќинот. Натпреварот влезе во неизвесна завршница, а Батлер со тројка на 15 секунди до крајот успеа да го одведе мечот во продолженија (91-91). Таму белграѓани беа подобри и стигнаа до конечен триумф од 100-108. Монеке со 22 и Батлер со 21 поен беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените недоволен беше 31 поен на Форест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

