Црвена Звезда по продолженија поразена од Алба Берлин

Црвена Звезда во трилер натпревар по продолженија загуби на домашен терен од германската Алба Берлин со 85-94. Во првото полувреме Белграѓани беа за нијанса подобар противник, а на пазуа заминаа со предност од четири поени (43-39).

Во третата четвртина гостите успеаја да ја анулираат предноста на домаќините и по три четвртини резултатот на семафорот да биде егал (54-54). Израмнетата игра продолжи и во последниот период кој заврши 79-79, а натпреварот замина во продолженија.

Во продолжението гостите беа далеку подобар противник. Успеваа од секоја позиција да го полнат кошот на Звезда и да стигнат стигнат до значаен триумф од 85-94.

Сикма и Сива со по 15 пеони беа најефикасни кај победниците, додека кај поразените се истакна Пунтер со 24 поени.

Се вчитува...