Веќе подолго време се зборува за враќањето на српскиот кошаркар Василије Мициќ во Европа и понудите кои доаѓаат до него.
Сега Василије Мициќ наводно има понуда од Црвена звезда, пишуваат европските медиуми. Иако е тешко да се замисли, споменатиот извор тврди дека тимот од „Мал Калемегдан“ на искусниот плејмејкер му понудил дури 4,2 милиони годишно за неговите услуги.
Мициќ играше за црвено-белите во периодот од 2014 до 2016 година, а сега сакаат да го вратат во Белград како би нападнале Ф4 во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА