Црвена Звезда поразена од Олимпијакос, Барселона шокирана дома од Париз

Кошаркарите на Црвена Звезда беа поразени на гостински терен од Олимпијакос со резултат 92-86 во натпреварот од 28-то коло на Евролигата.

Црвено-белите играа рамноправен меч, но недоволно концентрирани во финишот дозволија втор едноподруго пораз во Евролигата.

„Имавме неколку рани грешки во текот на натпреварот. Контрола на скоковите, изгубени топки, тоа е дел од големите натпревари. Ги пропуштивме малите работи“ – рече по мечот тренерот на Црвена Звезда, Саша Обрадовиќ.

Бугаринот Везенков беше најдобар во победата на Олимпијакос со 23 поени и осум скока.

„Навистина тежок натпревар. Ви треба енергија кога играте против Ц. Звезда. Втората четвртина беше особено добра. Имаат одлични играчи, талентирани играчи, но успеавме да победиме. Промашив неколку лесни шутеви, слободни фрлања, но се обидов да дадам се од себе. Ме нервираа промашените шутеви. Видов дека никој не ме чуваше, па тргнав на забивање. Во секој случај, среќен сум за победата“ – изјави на крајот Везенков.

Барселона на домашен терен сосема неочекувано загуби од Париз со 74-85.

Се вчитува...