Кошаркарите на Црвена Звезда забележаа нов пораз сезонава во Евролигата откако загубија на гостувањето во Италија кај Милано со 74-68 во натпревар од 23. коло. Италијанците уште од самиот старт ја презедоа иницијативата и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се врати резултатски. Били Берон со 15 поени беше најпрецизен кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 17 поени на Бентил.
Каталонскиот гигант потешко од очекуваното славеше на домашен терен против Баерн Минхен 72-70. Никола Миротиќ со 12 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 15 поени на Вилер-Баб.
Во последниот натпревар од денешната понуда Макаби Тел Авив славеше на гостувањето кај Валенсија со 93-94.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА