Црвена Звезда постави светски рекорд

Белградска Црвена Звезда ја прослави 32. титула со убедлива победа над Металац од 5-1 со која успеа да урне два рекорда.

Српскиот тим ја заврши сезоната со 35 победи, три нерешени и ниту еден пораз и со освоени 108 бодови. Со овој учинок белграѓани го урнаа рекордот во светскиот фудбал кој досега беше во сопственост на шкотскиот Селтик.

Вториот урнат рекорд е тој по постигнати голови во домашниот шампионат во кој постигнаа 114 гола со кои го урнаа досегашниот рекорд кој беше во сопственост на Партизан.

Се вчитува...