ЕВРОЛИГА: Црвена Звезда потклекна во финишот во Атина

Кошаркарите на Црвена Звезда потклекнаа во самиот финиш на гостувањето против Панатинаикос во Атина во 27. коло од Евролигата.

Црвено-белите на две минути пред крајот на мечот имаа предност против „зелените“ од Атина, но во финишот домашните одиграа максимално прецизно во нападот за конечен триумф од 79-73.

Немања Недовиќ со 25 поени беше најефикасен во победничкиот тим, а Василис Кавадас запиша 17 поени. Арон Вајт со 14 поени и 12 скока беше најдобриот поединец кај Црвена Звезда, но не успеа да извлече победа за својот тим.

Во вториот натпревар од Евролигата вечерва, Монако пред домашната публика славеше со 92-78 против Фенербахче.

Се вчитува...