Црвена звезда по бројните заминувања конечно успеа да договори и доаѓање на нов кошаркар во своите редови. Како што јавуваат српските медиуми, станува збор за камбек на ексиграч на „црвено-белите“, поранешниот српски репрезентативец Марко Кешељ, кој потпишал двогодишен договор со актуелниот првак на АБА-лигата.
Кешељ е висок 208 сантиметри и игра на крилната позиција, а по Црвена звезда настапуваше за Олимпијакос, тим со кој заедно со нашиот Перо Антиќ стигна и до титулата во Евролигата. Минатата сезона ја мина во грчкиот прволигаш Лаврија, а потоа и во Остенде, екипа со која стигна до двојната круна во Белгија.
„Црвено-белите“ најавуваат дека во следните десетина дена ќе договорат уште неколку нови кошаркари, се со цел оваа екипа повторно да има респектабилен ростер за настапите во АБА, но и во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА