Црвена Звезда го комплетираше трансферот на второто посериозно засилување за наредната сезона, носејќи го во своите редови црногорскиот репрезентативец Марко Симоновиќ. Станува збор за играч кој доаѓа од редовите на Чикаго булс, клуб каде што настапуваше во последните две сезони, откако претходно со голем успех ги бранеше боите на Мега во АБА-лигата.
Симоновиќ е 23-годишен кошаркар висок 213 сантиметри, кој подеднакво добро се снаоѓа и како класичен центар и како крилен центар. Тој беше избран како 44. пик на драфтот во 2021 година од страна на Чикаго, но не доби премногу шанси во овој тим, поголем дел од времето настапувајќи за развојниот тим Винди сити Булс.
Црвена Звезда претходно го комплетираше трансферот на Дејан Давидовац од ЦСКА Москва, додека Лука Митровиќ потпиша нов тригодишен договор со АБА-лигашот од Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА