Најуспешниот тим во лигашкиот дел од АБА лигата сезонава, Црвена Звезда ќе игра во петтото последовно финале од регионалното натпреварување откако со вкупни 2-1 во победи ја доби финалната серија со Партизан, а во мајсторката беше доминантна и го прегази големиот ривал со високи 84-63.
Во третиот решавачки натпревар од серијата, Звезда не остави простор за надеж кај Партизан. Ја доби воведната четвртина без проблем, имаше двоцифрена предност на полувремето, во третиот сегмент предноста достигна над 20, а во завршниот период позитивата на „црвено-белите“ беше и над 30 поени.
Перпероглу со 18 беше лидер во тирумфот на Звезда, Човиќ и Добриќ постигнаа по 10. Кај Партизан, Маринковиќ со 12 поени беше најефикасен, а заедно со Јанковиќ кој постигна 10, беа единствените со двоцифрен број поени.
Црвена Звезда во финалето од АБА лигата ќе игра со подобриот од втората полуфинална серија во која се борат бранителот на титулата, Будуќност и Цедевита. И таму резултатот е 1-1 во победи, а мајсторката е утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА