Црвена звезда преку Басконија до „2 од 2“ во Евролигата

Шампионот во регионалната АБА лига, Црвена звезда стигна и до втората победа во исто толку натпревари во Евролигата, откако вечерва на домашен терен во еден суперинтересен натпревар славеше над Басконија со 78-71.

Домаќините уште од самиот старт тргнаа одлично и веќе по првите десет минути имаа позитива од пет поени 25-20. Како одминуваше времето белграѓани сигурно ја држеа предноста и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева на победа.

Ајзеа Кенан со 19 поени беше прво име во таборот на победникот, а него го следеше Боломбој со 15 поени. Кај поразените недоволни беа 19 поени на Чима Монеке.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...