Црвена Звезда уште еднаш демонстрира како функционира успешен фудбалски клуб, откако српскиот првак се договори да продаде 17-годишен фудбалер од својата школа за сума од загарантирани пет милиони евра.
Станува збор зза Алекса Дамјановиќ, тинејџер кој поседува и австриски пасош, а чија следна дестинација во кариерата ќе биде Баер Леверкузен. Овој фудбалер првиот дел од сезонава го мина на позајмица во второлигашот Графичар, а токму добрите игри на оваа рана возраст и потенцијалот што го поседува беа причина за неговите услуги интерес да покажат неколку клубови од Западна Европа.
Најконкретни во разговорите се покажаа челниците на Баер Леверкузен, кои договорија почетната сума на трансферот да изнесува пет милиони евра, со дополнителни три милиони што Црвена Звезда ќе ги инкасира ако Дамјановиќ одигра одреден број на натпревари за овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

