Црвена Звезда продаде фудбалер пред настапите во ЛШ

Црвена Звезда обезбеди учество во Лигата на шампионите, а спортскиот директор на оваа екипа изјави дека целиот тим ќе биде сочуван. Сепак, тоа нема да биде случај.

Белградските „црвено-бели“ се на добар пат да го продадат Беом Хванг од Јужна Кореја на холандски Феенорд. Трансферот е веќе пред реализација, и кореецот би требало во следните денови да се пресели во Холандија, пренесува „Спортске.нет“.

Тоа ќе биде голем удар за „црвено-белите“, и така би биле ослабени за настапите во најелитното фудбалско натпреварување. Црвена Звезда за два дена ќе треба да ги пријави играчите кои ќе настапат во Лигата на шампионите.

Се вчитува...