Екипата на Црвена Звезда, дојде до шестиот триумф по ред во Евролигата, откако вечерва го совлада составот на Жалгирис во Белград. „Црвено-белите“ добро се намачија, но до победата дојдоа во последниот период од мечот, откако во текот на дуелот имаа многу осилации.
Литванците одлично почнаа и ја добија првата четвртина со 14-22. Но, белградскиот тим се врати во втората, па ја доби со 22-15, и на полувреме замина само со еден поен негатива. Во третиот период Жалгирис дојде во еден момент на девет поени предност, меѓутоа серијата на Звезда успеа само да намали и во последната четвртина да влезе со негатива од два поени (56-58).
Пресвртот стигна некаде во завршницата кога Звезда губеше 67-68, па направи серија од четири поени и стигна до плус три. Жалигирис се обиде да се врати, и имаше шанса на 6,5 секунди до крајот да избори барем продолженија, но Еванс ја фрли топката во аут, и се беше во рацете на Звезда. На крајот успеаја да реализираат две слободни фрлања за 77-73 конечен триумф.
Најефикасен на средбата беше Вилдоза кој постигна 27 поени, Недовиќ зад него со 21. Црвена Звезда дојде до седмиот триумф во Евролигата, покрај шесте порази.
Во вториот меч Олимпијакос убедливо го совлада составот на Фенербахче со 94-67. Везенков со 21 поен ја предводеше грчката екипа во победа на дербито, со што Олимпијакос стигна до осмиот триумф сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА