Црвена Звезда прокоцка двоцифрена предност, па загуби убедливо од Ефес

Анадолу Ефес за првпат по подолго време врза две победи во серија во Евролигата, на домашен терен триумфирајќи над Црвена Звезда со убедливи 89-67. Триумфот е уште позначаен ако се знае дека Црвена Звезда во втората четвртина водеше со двоцифрена разлика, но Ефес успеа да се врати.

Отуру беше клучен играч во камбекот во вториот период, а по вратената самодоверба на домашните кошаркари Ефес го крена нивото во одбрана, создавајќи им огромни проблеми на „црвено-белите“ од Белград. Клучна беше серијата од 13-0 на стартот од четвртата четвртина со која турскиот тим се одлепи резултатски и на крајот славеше со убедливи 89-67.

Брајант и Отуру постигнаа по 17 поени во овој импресивен триумф на Анадолу Ефес, додека најефикасни во таборот на Црвена Звезда беа Петрушев со 15 и Милер Мекинтаер со 10 поени.

Се вчитува...