Црвена Звезда против Пафос во плеј-офот во ЛШ, Бенфика без проблем против Ница

Екипата на Црвена Звезда ќе игра во плеј-офот за пласман во уште една групна фаза во Лигата на шампионите, откако и на реванш натпреварот одигра нерешено со полскиот првак Лех Познањ.

Откако на првиот меч беше 3-1 за „црвено-белите“, во Белград вечерва Црвена Звезда беше 1-1. Белградскиот тим поведе со голот на Ндиаје од пенал во финишот од првиот дел, а израмни Ишак во последните моменти од мечот. Сепак, можеше да биде проблематично за српскиот шампион, откако останаа со играч помалку по исклучувањето на Родригао во 57. минута од средбата, но успеаја да не загубат и да дојдат до следната рунда.

Во плеј-офот се пласираше и тимот на Бенфика, кој и на реваншот го совлада тимот на Ница со 2-0. Арснес и Шјелдруп ги постигнаа головите во првиот дел, и го решија патникот во идната рунда.

Таму се најде и тимот на Бриж, кој ја победи и на реваншот екипата на Салцбург со 3-2.

Каират испиша историја, откако се пласираше во плеј-офот, елиминирајќи готимот на Слован Братислава по изведување на пенали.

ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈ-ОФ ВО ЛШ

ФЕРЕНЦВАРОШ – КАРАБАХ

Ц. ЗВЕЗДА – ПАФОС

БОДО ГЛИМТ – ШТУРМ ГРАЦ

СЕЛТИК – КАИРАТ

БАЗЕЛ – КОПЕНХАГЕН

ФЕНЕРБАХЧЕ – БЕНФИКА

ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС – БРИЖ

Се вчитува...