Спортскиот директор на Црвена Звезда, Милан Дозет, ги потврди гласините дека белградските црвено-бели се сериозно заинтересирани да го вратат во своите редови Никола Калиниќ.
Српскиот кошаркар беше капитен на „црвено-белите“ при освојувањето на трофеите до минатата сезона, кога реши да се пресели во Барселона. Иако одредени информации велеа дека Калиниќ е пред заминување од Барса, Дозет тврди дека тоа тешко ќе се случи и дека таа пречка не дозволува крилниот кошаркар да дојде назад во Црвена Звезда.
„Добивме над сто пораки како Калиниќ ќе си оди од Барселона. Секако дека не им одговоривме, но реагиравме и воспоставивме контакт и со кошаркарот и со клубот. Реалноста е таа – Калиниќ има договор со Барселона и ние не можеме ништо да направиме околу тоа. Во контакт сме, знаеме дека сака да дојде и ако од некоја причина раскине со Барселона, дефинитивно Црвена ЗВезда ќе му биде следна станица. Сепак, шансите за тоа во моментов не се преголеми“, изјави Дозет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА