Црвена Звезда се избори за мајсторка против Партизан за пехарот во АБА

Црвена Звезда вечерва пред своите навивачи во салата „Александар Николиќ“, успеа вторпат по ред да го совлада Партизан во финалето во АБА лигата (68-56), и да израмни во серијата на 2-2, со што ќе следува мајсторка во „Штарк Арената“ за освојувачот на големиот пехар ов регионалното натпреварување.

„Црвено-белите“ одлично ја одиграа првата четвртина, во која се стекнаа со седум поени предност, за на полувреме да заминат со осум. Нивната добра игра продолжи и во третата четвртина, во која во еден момент имаа предност од неверојатни 17 поени разлика (49-32).

Партизан се обиде да се врати во последниот период, имаше на моменти само пет негатива, но секогаш Звезда наоѓаше решение, а во финишот беше со посилни нерви и го доби овој меч.

Се вчитува...