Црвена Звезда се избори за продолженија, но потклекна пред Барселона

Во драматичен и неизвесен натпревар, Црвена Звезда на крајот немаше сила за сензација против Барселона. Домашниот тим славеше трумф 92-88 дури по продолжението од пет минути.

Црвена Звезда одлично го почна мечот, и се стекна со предност по првата четвртина, но во втората Барселона одигра подобро во нападот, и на крајот замина со предност на полувреме. Ја зголеми и во третиот период, но имаше „пад“ во финишот кој го искористија гостите да се изборат за „егал“ 75-75.

Во продолженијата Барселона отвори со тројка, а Црвена Звезда израмни. Потоа следуваше предност за Барса од +6 поени (86-80). „Црвено-белите“ не се предадоа, намалија на 86-82, а потоа и на 88-86 на 30 секунди пред крајот.

Нвора не успеа да погоди тројка, а потоа следуваа серија на слободни фрлања за Барселона за предност од 91-86 на 16 секунди пред истекот на времето. Барса стигна до 92-88, а време имаше само за уште еден напад на Звезда, кој не го искористи и на крајот фаворитот дојде до победата.

Нвора постигна 26 поени кај Звезда, додека Клајбурн кај Барселона беше најефикасен постигнувајќи 17 поени.

Се вчитува...