Минатогодишниот учесник во главната фаза од Лигата на шампионите, екипата на Црвена Звезда се измачи на гостувањето против шампионот на Гибралтар, Линколн, во 2. квалификациско коло од ЛШ.
И покрај огромната фаворитска улога, „црвено-белите“ едвај дојдоа до минална победа од 0-1 со голот на Дуарте во 30. минута од средбата.
Повеќе од 50 минути, белграѓани играа и со фудбалер помалку по исклучувањето на Јунг-Ву во 40. минута.
Реваншот е закажан за 29 јули во 21 часот на стадионот „Рајко Митиќ“. Ако го мине Линколн, Црвена Звезда во 3. коло ќе игра со подобриот од пресметката меѓу полски Лех и исландски Брајдаблик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

