Кошаркарите на Црвена Звезда загубија од Реал Мадрид до 60-75 во 7. коло од Евролигата. Српскиот шампион натпреварот го загуби во последната четвртина (8-26) во која во првите пет минути беа без постигнат кош.
Реал Мадрид очајната игра во последниот период на домашните ја искористи за серија од 0-12 трасирајќи си го патот до победата.
Најефикасен во поразениот состав беше Били Берон со 17 поени, четири скока и четири асистенции, додека Лоренцо Браун мечот го заврши со 14 поени, шест скока и пет асистенции.
„Кралскиот клуб“ беше предводен од Серхио Љуљ со 16 поени, Руди Фернандес постигна 12 а Тавареса мечот го заврши со 11 поени и осум скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА