Црвена Звезда стигна до презначајна победа во Евролигата откако во 22. коло славеше на гостувањето кај Милано со 96-104 по голем камбек во последната четвртина.
Белграѓани имаа негатива од 11 поени (82-71) на влезот на последната четвртина, но избраниците на Обрадовиќ навремено ги консолидираа своите редови, одиграа речиси перфектно во нападот и одбрана па со 34 постигни поени и само 14 дозволени.
Нвора со 22 поени ја предводеше Црвена Звезда, додека Шилдс со 22 поени беше лидер на Милано.
Макаби Тел Авив стави крај на серијата од три порази едно по друго во Евролигата на домашен терен славеше над Жалгирис со 100-97 во драматична завршница.
Израелскиот тим на влезот на последната четвртина имаше и двоцифрена предност, но Литванците успеаја да се вратат во игра и да приредат неизвесна завршница во која имаа повеќе шанси за изедначување, но неуспеаја да ги реализираат. На крајот пресудија грешките, а Ло не беше успешен во обидот од половина терен да донесе продолжение во Тел Авив.
Франциско со 22 поени беше лидер на Жалгирис, додека Кларк со 17 поени го предводеше Макаби Тел Авив.
Француското дерби помеѓу Парис и Монако им припадна на гостите од „Кнежеството“ кои славеа со 87-95.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

