Црвена Звезда се засили со кошаркар од Нигерија

Нигерскиот кошаркар Ебука Руфус Изунду е нов член на белградска Црвена Звезда. Станува збор за еден од најдобрите скок играчи во Лигата на шампионите и во турскиот шампионат минатата година, настапувајќи за Галатасарај.

29-годишниот Нигериец игра на позицијата центар, и ќе треба да биде засилување за „црвено-белите“ под кошевите.

Изунду во минатото беше дел и од Олденбург, има искуство и во срспката лига во дресот на ФМП, а беше дел и од Стразбур и Бетис. Тој во 2019 година играше за Голден Стејт Вориорс на летниот камп.

Се вчитува...