Кубанскиот репрезентативец Хасиер Риверо наскоро се очекува да биде претставен како нов кошаркар на српскиот евролигаш Црвена Звеза, пренесуваат медиумите кај нашиот северен сосед.
Риверо во „црвено-белите“ редови ќе пристигне од Макаби Тел Авив за кој настапуваше во последните две сезони. За 32-годишникот кој во последната евролигашка сезона бележеше просек од 10.2 поени и 4.4 скокови Белград е добро позната локација со оглед на тоа што израелскиот тим играше домашни натпревари токму во главниот град на Србија.
Пред Макаби Тел Авив крилниот кошаркар настапуваше и за Валенсија, Бургос, Бока Јуниор и Естудијантес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

