Црвена Звезда го претстави првото засилување за наредната сезона откако денеска потпиша четиригодишен договор со Лука Илиќ, фудбалерот за врска кој со овој трансфер се враќа назад на „Маракана“.
Лука Илиќ пред седум години заедно со својот помлад брат Иван беше продаден во Манчестер Сити за вкупна сума од 5,5 милиони евра, но никогаш не одигра ниту еден натпревар за „граѓаните“. Тој заминуваше на позајмици во Твенте и Бреда во Холандија, по што беше дел и од францускиот второлигаш Троа.
Тренерот Милојевиќ при својот претходен мандат се обидуваше да го врати Лука Илиќ во Црвена Звезда, тогаш не дојде до трансфер, но српскиот стратег овојпат успеа во својата намера, носејќи го овој квалитетен играч за врска назад меѓу „црвено-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА