Црвена звезда славеше над Партизан во „вечното дерби“ во АБА

Кошаркарите на Црвена звезда стигнаа до голема победа за што подобар пласман во лигашкиот дел од АБА лигата откако вечерва во вечното дерби на српската кошарка славеа на домашен терен против најголемиот ривал со 100-96.

Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни, а двете екипи си поделија по една четвртина што доведе до тоа на пауза да се замине со минимална позитива на гостинот од 24-26.

Црвена Звезда одигра одлично во третиот период постигнувајќи 29 поени, а одличната игра ја пренесе и во последната четвртина за конечен триумф од 100-96. Боломбој со 14 и Коди Милер Мекинтаер со 13 поени беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Бруно Фернандо постигна 15 поени.

Се вчитува...