Црвена Звезда со досега невидена понуда во враќа Тадиќ во Србија

Поранешниот српски репрезентативец Душан Тадиќ доби примамлива понуда од Црвена Звезда за враќање во татковината при крајот на богатата кариера.

Според српските медиуми 36-годишникот доби понуда за двегодишен договор со можност за продолжување уште една сезона. Годишна нето плата од 2 милиони евра, бонуси: 200 илјади евра за пласман во Лигата на шампионите, 30 илјади евра по освоен бод во ЛШ, 5 илјади евра за секој гол или асистенција во ЛШ и Лига Европа, 5 илјади евра по бод во ЛЕ, 30 илјади евра за освоена титула во српската Суперлига, 10 илјади евра за освојување на Купот, 5 илјади евра за секој гол или асистенција во домашни натпревари.

Овој договор би бил рекорден за српскиот фудбал, а клубот разгледува и можност по завршување на кариерата, Тадиќ да добие директорска улога во Црвена ѕвезда.

Се вчитува...