Црвена Звезда во следните денови може да добие екстра засилување, пренесуваат српските медиуми. Станува збор за Стефан Јовиќ кој доколку го облече „црвено-белиот“ дрес тоа ќе значи враќање на добро познатата средина.
Плејмејкерот кој кариера ја започна во Слога ги бранеше боите на белградскиот гигант од 2014 до 2017 година, а потоа настапуваше и за Баерн Минхен, Химки и Панатинаикос. Во „зелениот“ дрес на атинскиот клуб пристигна по одредени проблеми со повреди, а и покрај тоа што имаше опција за продолжување на соработката со Грците сега ги договорил условите за враќање во Црвена Звезда.
Како потсетување, токму актуелниот шампион на АБА лигата ќе биде првиот предизвик за МЗТ Скопје во повратничката сезона на „Јадранот“. Дуелот ќе биде одигран во сабота во Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА