Црвена Звезда годинава потроши многу пари на составување на конкурентен ростер, во Евролигата тоа засега не вроди со плод, но челниците на „црвено-белите“ од Белград планираат уште повеќе да се засилат за наредната сезона.
На листата со желби на Црвена Звезда, како што обелодени Небојша Човиќ, се наоѓа екс-капитенот Никола Калиниќ, но и новата млада ѕвезда на српската кошарка, Никола Јовиќ, кој никако не добива шанси во континуитет за да се докаже во тимот на Мајами во НБА-лигата.
„Не е никаква тајна дека го сакаме Калиниќ назад. Не го продадовме во Барселона, тој си замина бесплатно. Имаше договор на „една плус една година“, му должевме четири-пет плати. Постоеше ветување, ние не го завршивме и на крајот заврши во Барселона. Го следиме и Стефан Јовиќ, кој би бил интересен ако покаже дека повредите се зад него и дека може да игра во континуитет. Тука е и Никола Јовиќ, јас му посакувам на Никола да блесне во НБА-лигата, но доколку тоа не се случи дефинитивно би сакал да го видам во Црвена Звезда“, изјави првиот човек на „црвено-белите“ од Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА