Црвена Звезда донесе сериозно засилување за наредната евролигашка сезона откако шампионот на АБА-лигата денеска го комплетираше трансферот на Арон Вајт, американскиот крилен кошаркар кој пристигнува од редовите на Панатинаикос.
Станува збор за исклучително подвижен играч кој одлично се снаоѓа и како крило и како крилен центар. Вајт во својата кариера има настапувано и за Зенит, Жалгирис, Олимпија Милано и Тенерифе, а со „црвено-белите“ од Белград потпиша договор на една сезона, со можност за продолжување на соработката. Сезонава тој имаше просек од 7,3 поени и 3,8 скокови по натпревар во дресот на ПАО во Евролигата.
Вајт е третото засилување на Црвена Звезда за наредната сезона, откако беа доведени Никола Ивановиќ и Лука Митровиќ од редовите на лутиот ривал Будуќност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА