Незавршениот натпревар од финалето на српскиот плејоф меѓу Партизан и Црвена Звезда останува главна вест во регионот, Партизан се жалеше на испланирано сценарио, но веднаш пристигна одговор од раководството на Црвена Звезда.
„Црвено-белите“ ја прославија деветтата титула во низа во српскиот шампионат, остро напаѓајќи го градскиот ривал за случувањата на синоќешниот меч во „Арена“ на кој Партизан беше домаќин.
„КК Црвена Звезда огорчено ги осудува сите случувања за време на вториот меч од финалната серија, но и обидот за изнесување на невистини од страна на КК Партизан во соопштението објавено во раните утрински часови. Обидот за спинување, од соопштението на спикерот вос алата дека мечот ќе продолжи в четврток, до низата дезинформации кои се вадеа во текот ан ноќта иако се знаеше дека мечот мора да биде прдоолжен веднаш.
Сакаме јасно да ставиме до знаење дека кошаркарите на Црвена Звезда не го напуштија теренот поради навреди, туку затоа што кон нив беа фрлени низа тврди предмети, од запалки, шишиња со вода, штрафови…. Тоа не беше нивна самостална одлука, правилата се знаат и треба да се почитуваат. Првиот тим на Црвена Звезда се врати на терен заедно со судиите за мечот да се заврши во предвидениот рок, според прописите на лигата која Партизан воопшто не ја играше во последните две сезони, и тоа без никакви санкции и последици. Кој има право да донесе одлука мечот да се доигра во четврток и по кои правила? Навивачите на Партизан, како што милионскиот аудиториум можеше да види од „разговорот“ со играчите и тренерот на нивниот клуб.
Сакаме да потсетиме на финалната серија од АБА-лигата во сезоната 2021/22, кога петтиотмеч го доигравме пред празни трибини по пауза од повеќе од 70 минути чекајќи во соблекувалната трибините да бидат испразнети. Тогаш барањето на КК Црвена Звезда мечот да се доигра еден ден подоцна беше одбиен, што на нашиот тренер Радоњиќ лично му го соопшти тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ. Сакаме на сите „звездаши“ да им ја честитаме новата титула, деветта во низа и за нас највредна, бидејќи секоја титула се брои, а особено онаа од шампионатот на државата на која и припаѓаме“, се вели во соопштението на Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

