Црвена Звезда со милионски трансфер „во пет до дванаесет“

Влезот во Лигата на шампионите ќе и донесе на Црвена Звезда огромен финансиски профит, па српскиот првак можеше да си дозволи нов милионски трансфер пред самиот истек на преодниот рок. Нов член на „црвено-белите“ од синоќа е Раџив ван ла Пара, крилниот фудбалер на Хадерсфилд кој потпиша тригодишен договор со тимот од „Маракана“.

Станува збор за играч кој пред две сезони беше стандарден првотимец на Хадерсфилд во Премиер-лигата, постигнувајќи и три погодоци. Неговата минутажа осетно се намали откако менаџерот Дејвид Вагнер доби отказ, па холандскиот интернационалец едвај чекаше да добие понуда за да си замине од Хадерсфилд.

Се очекува тој да биде стандарден на позицијата лево крило, кое беше посочувано како најслаба точка во тимот на Црвена Звезда. „Црвено-белите“ претходно дадоа светло за заминување на Бен во Ал Вахда во Дубаи, трансфер вреден два милиони евра.

Се вчитува...